Изгледајте гламурозно со овој мега-популарен бронзен омбре начин на шминкање, совршен за актуелната сезона.
- Откако ќе ставите течна пудра на целото лице, со помала четка нанесете руменило во сјајна бронзена боја на горниот дел од образите.
- Потоа, со четкичка почнете да нанесувате кафеава крем- сенка по линија на очните капаци со акцент на крајот од окото. Потоа, со прст ставете бронзена сенка на средината на капакот.
- По рабовите на горниот и долниот капак на окото нанесете кафеав ајлајнер за да добиете нежен и софистициран изглед. На крај, ставете маскара.
- За усните одберете суптилен изглед кој најдобро се постигнува со светло розова боја на кармин, бидејќи акцентот треба да е на очите.