Никогаш доста од производи за нега на коса, се согласувате? Сите сакаме здрава и сјајна коса секој ден, но за да се постигне тоа треба многу време и внимание. Познато е правилото дека за убав изглед не треба да ја миеме косата пречесто. Погледнете го следново видео во кое е прикажано како да си направите сами сув шампон за да го избегнете секојдневното миење на косата со вода. Плус, ваков шампон е супер и за побрзо растење на косата бидејќи неговите природни состојки имаат одличен ефект врз скалпот и коренот.
Потребни состојки
* 1 ¼ шолја скроб
* ½ шолја какао (зависи од бојата на косата)
* 1 лажичка сода бикарбона
* 15-20 капки етерично масло од ментол