Доколку би ни поставиле прашање од типот, „Што би промениле на Вашето тело?“, нашите одговори би биле различни. Секој знае да си го пронајде својот физички „недостаток“, кој што најчесто е присутен единствено во неговите/нејзините очи. Честите споредби со моделите од билбордите и рекламите на телевизијата кои, да бидеме реални, продаваат доза на совршенство, прават да се чувствуваме несигурно и неудобно во своја кожа.
Видеото кое можете да го видите погоре е чист пример за несигурноста на возрасните. Една девојка се жали на големината на своето чело, друга се жали за лузните од пораѓањето, еден маж се жали на големината на своите уши…
На сите возрасни им беше поставено прашањето: Што би промениле на Вашето тело?
За работите да станат поинтересни, истото прашање им беше поставено на неколку деца, кои судејќи по одговорите, се чувствуваат одлично во својата кожа. Некои од нив не би промениле ништо, само кога би можело да имаат крилја и опашка како сирена.
А Вие што треба да промените на Вашето тело?
Апсолутно НИШТО!