Сите бајки, сите волшебства се инспирирани, произлегуваат и се отсликуваат во природата. Природата е најголемиот уметник и е преполна со места кои изгледаат совршено. Денешната фотографија за Фото на денот е дело на Stefan Hefele насловена како „Поток на самовилите“.
„Отидов во шумата и како што навлегував подлабоко се помалку сончеви зраци допираа до мене. Воодушевен од природата направив неколку прекрасни фотографии. Се прашувам како може природата да е најдобар сценограф кој креира неверојатни сцени?“