За време на уметничкиот саем 2014 во Будимпешта, кој за момент го свртува вниманието на светските уметнички критичари кон современата уметност и уметниците од Централна и Источна Европа, на плоштадот Széchenyi во срцето на Будимпешта се појави несекојдневна склуптура. Станува збор за дело на Ervin Loránth Hervé, кој успева да создаде своевидно „чудовиште“ кое ползејќи излегува од земјата. Огромното „чудовиште“ кое доаѓа од подземниот свет е изработено од стиропор и се најде меѓу најдобрите уметнички дела на саемот оваа година. Ви се допаѓа?