Шпанскиот уличен уметник Pejac повторно воодушевува со својата работа. Овојпат тој со своите несекојдневни дела го разубавува Истанбул. Имено во близина на Ускудар тој создава три trompe-l’œil дела, насловени како Клучалка, Постер и Прозорски капаци, а истите се фотографирани од страна на Julian Santiago. Според него овие дела се наменети да ја претстават „перцепцијата и илузијата на слободата“. Тој го става акцентот на францускиот израз „Trompe l’oeil“ што кај нас би значело „стапица за окото“ и вели дека кај овие три дела стапицата дејствува во две насоки; од надвор кон внатре и од внатре кон надвор. Ви се допаѓаат?