Понекогаш, таванските станови се пространи, комфорни и масивни, а неретко го завземаат и целиот кат од една станбена зграда. Но, постојат и случаи каде станот во поткровје е толку мал, што имате впечаток дека е невозможно сиот животен стил да се спакува во просторот со минијатурни димензии. Сепак, овој мал, но извонредно дизајниран дом во поткровје вешто и пркоси на скромната квадратура, функционално исползувајќи го секој центиметар од просторот. Со генијалните решенија за складирање и истакнување на деталите, може да послужи како одличен пример дека и малиот станбен простор може да биде удобен и привлечен. Располага со 42 метри квадратни, а конципиран е како двособен стан со кујна, со паметен распоред и умешно одбран декор. Палетата на бои кои е искористена се сведува на белата како основа, во тандем со црната боја, што резултира со класичен и елегантен изглед на ентериерот. Оваа комбинација на бои може да се сретне во различни облици и како нитка се провлекува низ целиот стан, облагородена со топлите дрвени допири, цветните детали и фините декорации. Така, во дневниот престој, ѕидовите се бели, додека лампите се црни и со шик дизајн, а во трпезаријата, пак, масата е бела, со црни столици поставени околу неа. Погледнете ги убавите предлози за уредување на секоја соба и инспирирајте се од креативните идеи за мал, но практичен, топол и стилски дом.