Пред да почнете да размислувате за купување на нова јакна, внимателно погледнете го овој Направи сам проект и размислете дали имате некоја стара тексас јакна во Вашиот гардеробер. Постапката за изработување на овој проект не е премногу комплицирана, доволно е да имате основни познавања за работа со машина за шиење, а резултатите се извонредни. Погледенте за што станува збор.
- Потребно:
ножици;
соодветни игли;
нитни;
напрсток;
пинцета;
тексас јакна;
кожен материјал.
Чекор 1. Најпрвин вметнете ги нитните на местото каде сакате да бидат.
Чекор 2. Исечете ги ракавите на јакната.
Чекор 3. Внимателно расшиете го работ на ракавите, за истите да Ви послужат како модел за кожните ракави кои треба да ги направите. (Чекор 4. и Чекор 5.)
Чекор 6, 7 и 8. Направете ги кожните ракави како што е претставено на сликата.
Чекор 9. Превртете ги ракавите.
Чекор 10, 11 и 12. Внимателно наместете ги за јакната и сошијте ги.
Вашата нова штосна јакна е готова.