Постојат домови кои се толку ведро, шарено и позитивно уредени, што секој миг поминат во нив е причина за среќа, изнудувајќи насмевка и оптимизам кај станарите и гостите. Денес ве водиме зад портата на една токму таква куќа, со максимално возбудлив и разигран ентериер кој е преполн со весели тонови и впечатливи детали. Иако интензивните бои ја имаат главната улога во нејзиниот дизајн, сепак особено внимание е посветено на тоа се’ да биде на своето место, а амбиентот да делува стилски, пријатно, со вкус и мера. Во кујната е постигнат одличен контраст помеѓу белите кујнски елементи и темните плочки поставени како мозаик по ѕидот. Се’ е надополнето со ретро детали во портокалова и црвена боја, кои внесуваат динамика и кокетно го разигруваат просторот. Во трпезаријата, пак, вниманието го привлекуваат ретро сините столици, поставени крај малата тркалезна маса во бела боја, како и занимливо дезенираните завеси. Светлечките тела и материјалите користени кај парчињата мебел дополнително придонесуваат за убавиот изглед и совршено се вклопуваат во опкружувањето. Во продолжение, погледнете како изгледа во целост ова креативно царство на бои и ретро детали, и пронајдете ја омилената колоритна инспирација и за вашето станбено катче.
Среќен и колоритен дом
Погледнете како изгледа царството на бои и ретро детали.