Ако ви се здодеани денешните трендови кога станува збор за фризура и сакате да пробате нешто различно, свртете се кон минатото. Таму ќе пронајдете инспирација за коса каква што посакувате – долга, кратка, брановидна, во пунџа итн. Дамите во минатото измислувале мал милион начини за средување на косата и секогаш изгледале убаво и различно. Ваков винтиџ стил посебно одговара доколку одите на некоја прослава или сакате да бидете забележени на некој посебен настан. Еве ги нашите предлози.