За навреме да ја подготвите кожата за студените денови, одбравме три маски за лице од природни состојки за целосна хидратација и регенерација на клетките.
Смирувачка маска
Црвенилото е честа појава на почетокот од есенската сезона. Со оваа маска многу лесно ќе ја смирите кожата од ваквата појава.
Потребни состојки:
- 3 јагоди
- четвртина шолја мелени овесни снегулки
- 2 лажички мед
- 1 лажичка јогурт
Оваа комбинација содржи витамин Ц и алфа хидрокси киселина (присутни во јагодите), природни ексфолијанти (во овесните снегулки), а медот и јогуртот придонесуваат со нивното благотворно смирувачко дејство.
Пилинг маска
Еднаш неделно е доволно да ја регенерирате кожата со оваа пилинг маска од 1 лажичка сода бикарбона и 1 лажичка свежо исцеден сок од портокал. Состојките треба да ги промешате и да ги нанесете на чиста кожа да стојат 20 минути. Содата помага во борбата против акните, а киселината од портокалот ги затегнува порите и го осветлува лицето. Ако имате чувствителна кожа, испробајте малку од маската на мал дел од кожата за да проверите дали ќе има реакција.
Детокс маска
Потребни состојки:
- пулпа од грејпфрут
- 1 шолја овес
- 1 шолја млеко
Главна компонента за детоксификација е грејпфрутот, а млекото и овесот ја смируваат кожата и го ублажуваат чувството на сувост кое се јавува како последица на ниските температури.