„Книжевна кошница“ е последната инсталација која внесува нова живост во Bristol Central Library преку 400 книги во движење, коишто означуваат секоја по една година од историјата на библиотеката. За да го прослават 400-годишниот љубилеј од постоењето, Bristol Central Library преку својот тим од творечки умови и наградата од £90,000, доделена од Arts Council England создава интерактивна инсталација која комбинира стари книги со нова технологија.
Анимираните книги реагираат на движењата на посетителите во библиотеката, додека се отвораат и затвораат во неверојатни дезени; така што формираат шестоаголни клетки, слично на саќе – па оттука и името, „Книжевна кошница“. Изложувањето на „Книжевната кошница“ траеше до 07. 03. 2014 година, но ќе остане запаметено како „имагинативен и инвентивен начин да се спои минатото, сегашноста и иднината, така што истиот е провокативен и чудесно забавен“.