Брендот Gucci веќе 90 години е познат по своите модни колекции за силни, модерни и самоуверени жени, а за време на овогодинешната Миланска модна недела издаде и гламурозна колекција на шминка. Колекцијата е поделена на 5 дела: Gucci Eye, Gucci Lip, Gucci Face, Gucci Brush и Gucci Nail. Frida Giannini, креативната директорка на овој светски бренд, изјави дека модата и убавината се нераздвојни и не одат еден без друг. „Очи, кожа, усни- тие се како модни додатоци, сите заедно работат за на крај да се добие совршен изглед”- изјави Фрида. За да биде оваа колекција со најдобар квалитет, ангажирана беше и познатата визажистка Pat McGrath.