Рачно нацртани модни илустрации со нејзините најкултни филмски мигови ја красат новата книга со потпис на големиот Hubert de Givenchy, со наслов „To Audrey With Love” посветена на неговата голема пријателка и муза, Audrey Hepburn.
„Овие скици сакав да ги изработам во знак на сеќавање на прекрасните години поминати заедно“, изјавува дизајнерот за магичните цртежи кои ја прикажуваат уникатната Одри во најдоброто светло, во нејзините улоги на Сабрина, Холи Голајтли и други. Најголемиот дел од илустрациите, кои се 150 на број ќе бидат премиерно покажани во една книга, која ќе ги содржи сите негови модни комбинации. Покрај тоа, во книгата ќе бидат застапени и дизајнерските фустани креирани за принцезата Грејс од Монако, Џеки Кенеди Оназис, Елизабет Тејлор и друга галантна клиентела.