Додека повеќето дизајнери мечтаат за уредување големи и пространи станбени простори, за дел од нив е вистински предизвик во дом со скромна квадратура и лимитиран буџет да создадат функционален ентериер за живеење. Ви претставуваме пет инвентивни решенија од дизајнерското студио ,,Среда’’, кои не само што се одлични предлози за наменско преуредување на малите станови, туку и вешто покажуваат како минијатурниот дом може да изгледа убаво, стилски и елегантно. Секој метар квадратен е паметно искористен, а притоа нималку не е изгубено од естетиката и добриот вкус во амбиентот. Од најмалиот до најголемиот пример, инспирирајте се и уживајте во разгледувањето на овие прекрасни мини ентериери.