Малку подзаборавената, но никогаш незначајна и култна „Мадам Бовари“ на Густав Флобер овој пат Ви ја прикажуваме во поинакво издание. Се чини дека некои класични романи се создадени да бидат сликовито адаптирани, токму како што смета уметникот Takahiro Kimura од Јапонија: сликарските колажи посветени на Мадам Бовари се неочекувано балансирани, претерано убави и описни; како што Флобер ги комбинира грдотијата и хаосот во психата на ликовите со убавината на истиот, така Kimura прави уметничка тензија.
Оние кои го сакаат стилот на овој автор и воопшто некогаш ја искусиле познатата мадам веднаш ќе препознаат доста од сцените во галеријата подолу, додека оние кои сеуште немале шанса да се запознаат со приказната, ќе добијат извесна претстава за истата.