Mesut Kul е турски уметник кој своите дела ги создава на невобичаени мали предмети. Слика на пердув, пеперутки, различни семки… Идејата ја добил со разговор со постар уметник кој му зборувал за важноста на иновациите во уметноста. Тој сериозно ги сфатил неговите зборови и постојано размислувал што поразлично да направи од останатите уметници. Сметајќи дека малите слики се незаборавни и навлегуваат во мислите на гледачот тој започнува со својата работа.
„Секој може да слика на големи платна, но само малкумина можат да го направат тоа на мали површини. Иако јас ги создавам моите слики со четка, доколку сакате да ги видите сите детали во нив, ќе треба да ги погледнете со лупа.“