Миленичиња. Сметани како дел од семејството, третирани како дел од себе, давајќи им важност на мало дете. Како да не беше доволно обесхрабрувачки што мачката на Карл Лагерфилд, Choupette има своја линија на шминка и книга за животен стил – славната сијамска госпоѓа сега поседува и сопствена линија на облека и аксесоари. За Women’s Wear Daily изјавува дека женската облека и додадоците ќе бидат составени од апликација на бесна мачка во анимирана форма, во нова капсулна колекција на додатоци со потпис на Лагерфилд, на етикетата. “Monster Choupette” ќе содржи торбички и мали кожни додатоци, чевли, шалови, маички, џемпери и чорапи; кои се закажани за ноември.
Предходно г-дин Лагерфилд ја опиша Choupette како “најпознатата мачка на светот“, акцентирајќи ја нејзината голема личност, како личност. Останува да чекаме на новата линија чудовишни аксесоари и да се надеваме дека нашите миленичиња ќе ја докажат својата личност еден ден.