Кога станува Њујорк во прашање, инспирацијата нема крај. Автентичноста на самиот град ја носи уметноста, како и креативноста на едно повисоко ниво.
Музичкиот албум „Line In-Between“ е направен исклучиво од звукот на Њујорк. Манипулираните звуци на сообраќајниот метеж, звукот на фотоапаратите, замавнувањето на крилјата од гулабите се доволни за да се направи еден несекојдневен музички албум.
Проект од Wes Batts, Kayla Colaizzi и Mike Laura кои се погрижија и за прекрасните слики кои си играат со симетријата на архитектурата на градот.
Како сето тоа се одвиваше можете да го погледнете краткото видео погоре, додека подолу се имињата на композициите кои можат да се најдат во албумот:
– Marcy Playground.
– 5 Points.
– Broadway.
– Transmitter Park.
– Chinatown.
– Grand Central Station.
– Subway.
– Wall Street.
– High Line.
– Central Park.
.