Во услови на најбрзо можно сценарио да ја споделите Вашата уметничка визија е да ги поставите Вашите дела на блог, како што тоа го прави библиохоликот Julien Britnic – на својот Tumblr пресоздава иконски книжевни наслови користејќи фотографии од поп-културата. Да речеме, никогаш не би помислиле дека „Метаморфозис“ на Кафка може да ја поврзете со Спајдермен или пак, „Да се убие птицата која се потсмева“ на Харпер Ли дека е претставена преку Flappy Bird. И ред други примери!
Со ажурирање на класичните Penguin книги во модерен формат, самиот автор се прашува колку овие класици играат улога во светот на selfie културата и опсесијата од друштвени мрежи и апликации. Можеме ли да му го докажеме спротивното? Дека во тој свет можат да опстојат вистинските книжевни вредности?