Постојат моменти кога имаме чувство дека можеме да заспиеме секаде, дека уморот или сонот ги затвора нашите очи без разлика каде се наоѓаме. „Заспаната серија“ е серија фотографии на Alice Lemarin, девојка која потекнува од Градот на светлината. Херои во нејзините фотографии се мали дечиња кои спијат на улица, во природа, потпрени на дрво, столб или ѕид носејќи ја својата перница со себе. Сепак целта на фотографиите не е да се покажат неверојатни места за спиење туку да се отсликаат соништата и да се поврзат со средината.