Да, познато ни е дека во денешни услови читањето книги претставува исклучок во интелектуална смисла. Да се биде активен читател денес е ретка и вредносна категорија – а уште поретки се оние чиј избор се декларира како специфичен и продуктивен. Истото се однесува и на изборот на романи, особено оние кои третираат љубовна тематика. Зошто е добро и корисно да се читаат такви книги?
- Ќе почнеме со едноставна причина: на сите ни е нужно понекогаш да почувствуваме дека таму некаде постои вистинска љубов. А истата сме сигурни дека ќе ја најдеме помеѓу страниците кои живот значат.
- Потребна ни е тронка надеж, па макар и на хартија. Надеж за себе, за светот, за човечноста.
- Потребно ни е да се осигураме во нишката среќа која ја восприемаме преку нечие признато перо, инспирирано од нечиј среќен крај. И можноста да сонуваме, охрабрени од нечија судбина.
- Понатака, имаме придобивка на сопствениот речник по основ стилски фигури чие времеетраење се чувствува долго после завршувањето на последната страница. И секако, доволно инспирација за искажување на вистинските емоции, на вистинските личности. Во вистинско време, крајно епски!
- На крајот, ништо друго не нуди замислена, а толку силна прегратка како завршувањето на добра книга.
Некој мудар одамна рекол, „книгите се најпостојаниот од пријателите – тие Ве сакаат додека ги држите во рацете, а доколку ги занемарите на страна, секогаш се расположени да Ве примат назад.“ Никој нема да Ве сака колку што Ве сакаат Вашите книги, колку и глупаво да звучи тоа. Затоа што книгите не се предмети, тие се откинато парче душа.