Да и тоа е возможно, за само 3 минути да пропатувате низ делата создавани 5 века.
Патување низ 500 години во создавањето на женски портрети, нивното постепено надоградување и менување совршено вклопено во 3-минутно видео. Со оригинален приказ на еволуцијата на уметноста во текот на годините согледана низ 90 слики од познати и непознати уметници имаме можност да уживаме во убавината на овие ремек дела кои и денес се културно наследство на човекот.