Една седмица по долгоочекуваната венчавка на Анџелина Џоли и Бред Пит, магазините People и Hello! ексклузивно ги објавуваат фотографиите од интимната церемонија пред само 20тина присутни. Долгиот свилен фустан во боја на слонова коска беше изработен од Luigi Massi, главниот кројач во Ателјето Версаче. На прв поглед фустанот изгледа едноставно, елегантно и минималистички во стилот на Анџелина, но тука е и велот исполнет со цртежи од нивните деца. Прекрасно.