Пред 5 години, модниот фотограф Steven Meisel привлече огромно внимание со серијата фотографии направена за италјанскиот Vogue. Според нас и денес овие фотографии заслужуваат внимание поради пораката која ја носат во себе: „Водете љубов, а не војна“. Испотени, валкани војници во воена зона заедно со девојки облечени во модели од познати креатори. Повеќе од 60 луѓе, вклучувајќи модели, мејк-ап артисти, стилисти и фризери работеле заедно, а резултатот е очигледен. Критиките кон оваа серија фотографии беа насочени кон „гламурот“ кој преку фотографии се поврза со војната во Ирак, но сепак зар овие фотографии не се поубави од глетките кои што настануваат како последица од војните?