Компактен, пријатен и вкусно уреден – вака изгледа домот на една млада стилистка, спакуван во станбен простор со површина од само 34 метри квадратни. Нејзиниот мини дом (студио) се наоѓа во поткровје со ниско закосени тавани, каде скромната квадратура нималку не ја ограничува функционалноста и удобното чувство во ентериерот. Со низата паметни решенија, изборот на светли бои и минималистички украси, овој животен простор е одлична инспирација за тоа како може да изгледа домот на една млада и самостојна дама. Веднаш до влезниот ходник е поставен лажниот ѕид кој суптилно ја раздвојува спалната соба и креветот од остатокот во станот. Во делот со мала висина е поставена кујната, што се покажува како фино решение бидејќи овозможува на најдобар начин да се искористи просторот. Поради лимитираната површина креиран е отворен план во кој се распоредени дневниот престој, трпезаријата и кујната, а светлината непречено циркулира до секое катче. Среден е во скандинавски стил, со доминација на белата боја и декоративни детали избрани со многу вкус од самата сопственичка. Мини стан по женска мера – инспирирајте се!