Најпознатата русокоса на светот, куклата Барби, по примерот на модните блогерки отвори свој Инстаграм профил. На @BarbieStylе ќе ги споделува омилените модните ревии од светските дизајнери, уличната мода од големите модни центри, своите дневни модни комбинации и слично. Пред почетокот на модните недели погледнете ги нејзините првични модни комбинации и подготвувањето за ревиите во Њујорк, Лондон, Милано и Париз.