Fragrance Library (Библиотека за парфеми) е новоотворено катче во модната куќа Saks Fifth Avenue во Њујорк. На 40 м2 наредени се полици кои наместо со книги, преполни се со дизајнерски парфеми. До нив се стигнува со помош на скали, како оние во книжарниците. Во „библиотеката” можете да ги најдете најпознатите мириси од популарните светски дизајнери, како Armani SÍ, Estée Lauder Modern Muse и Chanel Coco Mademoiselle. Сите парфеми на полиците се наместени тематски, за да се надополнуваат еден со друг.