Повторно на дневен ред дилемата дали да се уништуваат старите книги? Битка без цел, полемика без поента затоа што едниот аргумент е неоспорлив, а тоа е против уништувањето на книгите. Па, макар и за давање втор живот! Она што Ви го предлагаме денес се реупотреба на навистина СТАРИ книги, кои го отслужиле своето и кои веќе не се во состојба да се чуваат, читаат или подарат. Се инспириравме од еден креативен блог и решивме со Вас да го споделиме предлогот… како Ви се допаѓа идејата да направите сами закачалка со книги?
Потребно Ви е:
– стари книги, во стандардна и џебна големина
– интересни куки за закачување
– лепило
– штрафови
– пиштол за заштрафување
– дрвена летвичка
Чекорите се навидум едноставни, но не треба да Ве заплашат бидејќи процедурата е речиси иста како кога закачувате слика на ѕид. Разликата е во тоа што овој пат сами треба да ја направите закачалката – да ја стилизирате и да изберете книгите да одговараат една на друга, пред да ги зацврстите со кука и штраф.