Го нарекуваат градот на светлината, љубовта и модата, и веројатно не постои светски патник на чија туристичка мапа би изостанал Париз како една од посакуваните дестинации. Пред неговата убавина не останал имун ниту Paul Richardson, фотографот кој неодамна за првпат го посетил градот на реката Сена. Обидувајќи се да ја овековечи сета слава на француската престолнина, создал импресивна видео посвета во која се менуваат карактеристични сцени од животот на Парижаните, следени од брзиот ритам во кој пулсира оваа светска метропола. Пред неговиот објектив се нашле класичните париски локалитети и знаменитости од една страна, наспроти модерниот бизнис свет и динамичното темпо од другата, преместувајќи ги границите помеѓу старите историски градби и современите високи облакодери. Резулатот од тринеделното патешествие е видео портретот со наслов ,,J’adore Paris’’ ( ,,Го сакам Париз’’), кој ќе ве одведе до најубавите места во градот со безброј лица, будејќи го копнежот да го посетите што поскоро. Уживајте во глетките!
Париз, те љубам
Видео посвета на градот со безброј лица...