Колку сте спремни да платите за омиленото слатко задоволство?
Ова се некои од најдекадентните и најскапите десерти во светот. Некои се прелиени со злато што се јаде, некои се со вклучен лет во првата класа и ноќевање во најлуксузните хотели, но едно е сигурно- овие екстравагантни слатки се нешто што досега не сте виделе.
Bagel, Westin Hotel, New York, 1000 долари
Популарното њујоршко пециво со бел крем од тартуфи , сирење и златни ливчиња што се јадат е рецепт на готвачот Frank Tujague, од хотелот Westin New York, каде го служат за појадок, заедно со чаша бело вино.
Сладоледен куп, Serendipity 3, New York, 1000 долари
Таканаречениот „опулентен сладоледен куп” се состои од најфиниот сладолед од ванила од Тахити, махуна ванила директно од Мадагаскар и парчиња ретка чуао чоколада од Венецуела. Прелиен е со кандирано овошје, позлатени бадеми и чоколадно пралине. Се служи во Baccarat кристал со лажичка од 18-каратно злато.
Cupcake, Sweet Surrender, Las Vegas, 750 долари
Во хотелот Palazzo во Лас Вегас можете да пробате колачиња од венецуелско чоколадо и стогодишен коњак, прелиени со злато што се јаде за „само” 750 долари.
Сладоледен куп, Serendipity 3, New York, 25.000 долари
Во најпознатата слаткарница во Њујорк, ваков сладоледен куп се состои од најфините, најскапите и најегзотичните зрна какао и парчиња 23-каратно злато, а со него добивате и златна нараквица со бели дијаманти.
Cannoli, Jasper Restaurant, Cansas City, 26.000 долари
Овој италијански деликатес кој инаку се состои од тесто, крем од рикота и слатка павлака, додатно е збогатен со кандиран лимон, чоколадо, кора од портокал и е обвиткан со ливчиња од злато што се јаде.
Чоколадна торта, Lindeth Howe Country House Hotel, Англија, 35. 000 долари
Ова е една од најскапите чоколадни торти на светот направена од 4 вида белгиско чоколадо, златен кавијар и дијамант на врвот на секое парче. Ако сакате да ја нарачате, потребно е да закажете и до 3 недели однапред.
Овошна торта, 1.65 милиони долари
Најскапиот десерт е на крај на нашата листа. Овошната торта ја направил јапонскиот слаткар Jeong Hong- yong и ја прекрил со 223 дијаманти. Тортата се работела дури 6 месеци, а важи за најскап десерт на светот веќе 9 години.