Мора да признаеме дека шминките, парфемите, пресата за коса, фигарото и што уште не, знаат да зафаќаат голем простор и често сето тоа прави непотребен неред. За да не ни биде сè само ставено во несесер или во фиока, ви претставуваме неколку необични идеи како сето тоа да изгледа убаво, а воедно да биде и на дофат.
Наредете ги парфемите на чинија за торта.
Четките за шминка ставете ги во футрола од очила за сонце за да не ги изгубите кога одите на пат.
Одделете ги производите еден од друг со пластично фиокче за во кујна.
Помалите шминки, како сенки и руменила, наредете ги во проѕирна фолија за накит.
Четките за шминка ставете ги во вазна со зрна кафе за да бидат одделени една од друга.
Пластичните кутии од храна или сладолед искористете ги за да ги одвоите памукот и шамивчињата за шминка во самата фиока.
Лаковите чувајте ги во кутија за колачи за полесно да ги наоѓате боите што ви требаат.
Пресата за коса и фигарото чувајте ги во интересна кутија за документи.