Тим од шпански дизајнерски студија проектираше интерактивна автобуска станица во мало гратче во сојузната држава Балтимор, во САД. Се состои од три посебни структури во облик на букви кои заедно го даваат зборот “bus”. Висината на секоја буква е нешто повеќе од 4 метри, а изградена е од челична рамка исполнета со дрвени панели на кои може да се седи, да се оставаат торби, а децата можат дури и да се качуваат по нив и да си играат додека чекаат автобус. На овој начин, една секојдневна и здодевна работа станува многу поинтересна, а може на некој и да му го разубави денот. Единствен проблем ќе биде метежот од луѓе на станицата, бидејќи отсега сите ќе сакаат да чекаат таму. :)