Дали знаете како се нарекува овој мост на фотографијата на Yunli Song?
Станува збор за Хертфордски мост, познат и како Мостот на воздишките заради неговата наводна сличност на мостот со тоа име во Венеција. Се наоѓа на улицата Њу Колеџ Лејн во Оксфорд, Англија. Овој мост всушност не бил замислен како реплика на венецијанскиот мост, туку изгледа многу послично на мостот „Ријалто“ во тој град. Мостот ги поврзува Стариот и Новиот Четириаголен двор на Хертфордовиот колеџ.
Архитект на овој мост е Сер Томас Џексон. Направен е во 1914 година и денес е мета на многу фотографи.