Cristina Hoch e 21- годишна студентка по биологија која во своето слободно време создава неверојатно моќни портрети. Таа е самоук фотограф кој судејќи по фотографиите како да сака да ја фотографира душата на човекот. Фокусот во нејзините фотографии најчесто е во очите, бидејќи очите се огледало на душата.
„Моите фотографии би ги опишала со еден збор – „природа“. Не би сакала да фотографирам манекенки, туку природни луѓе со пеги и едноставни детали…“