„Ги обожаваме книжарниците.
Но, увидовме дека многу од нив се справуваат со тешките времиња. Сакавме да придонесеме кон културната дебата со наше сопствено видување во поддршка на сите овие прекрасни независности и нивните полици со богатство. Така што, со помошта на некои извонредни книжарници и многу талентирани пријатели, успеавме да ја создадеме „The Last Bookshop“, од идеја до реалност.“
Овој краток документарен фил го замислува светот во иднината каде што не постојат книжарници, преку следењето на приказната на млад ученик кој случајно ја посетува последната независна книжарница. Дуото од режисери, Richard Dadd и Dan Fryer, од студиото The Bakery ќе направат да се соживеете со приказната и да се соочите со заканата која одамна виси во нашето секојдневие. Веќе се почувствувавте горди што сте читатели? Не би сакале Вашите деца да го уживаат истиот благослов? Одлуката е само Ваша.