The Voca People, како најочекуваните оваа година на „Охридско лето“, настапуваат вечерва (01.08.) на Античкиот театар.
Познатиот израелски ансамбл и вечерва ќе направи комбинација на а-капела пеењето со модерниот битбокс. „Д Вока пипл“ познати се по имитирањето звуци на целиот оркестар, како гитари, тапани, труби и други инструменти и сето тоа изведено единствено со нивните вокали, притоа со својот хумор забавувајќи ја публиката.
Членовите на ансамблот за себе велат дека се вонземјани од планетата „Вока“ каде единствено се комуницира со пеење, звуци и вокална експресија, додека нивното мото е: „Животот е музика и музиката е живот“.
Можете да ги погледнете вечерва, во 21 часот. Цена на билет 600/800/1000 денари.
Divianarts.com е член на медумските партнери на Охридско Лето 2014