Ако постои нешто што го дефинира животот во 21-от век, тогаш тоа дефинитивно е големото враќање кон природниот начин на живот. Луѓето се’ почесто бираат мирни места далеку од бучавата, загадувањето и стресната динамика на градскиот живот. Имајќи го тоа предвид, архитектот Кели Дејвис создал мала дрвена колиба со површина од 37 метри квадратни, давајќи и симболичен назив ,,ESCAPE’’ (,,БЕГСТВО’’). Верувале или не, оваа патувачка викендичка е истовремено и рекреативно возило, бидејќи може да се поместува од една на друга локација со помош на приколка, овозможувајќи уживање во природата сите четири сезони. Целата градба и се’ во внатрешноста е еколошки и енергетски оддржливо, а со оглед на тоа што куќата по законот се третира како рекреативно возило, сопственикот не мора да плати данок на имот. Дрвената подвижна колиба е соодветно изолирана за лето и зима, а се состои од дневен престој, кујна, бања и една спална соба. Постојат неколку опции при изборот на подните облоги, вклучувајќи теписи, ламинат или тврдо дрво. За оние попребирливите, достапна е понудата на кревет со ,,кралска’’ големина, кој може да биде испорачан во пакет со мобилната колиба во рок од 90 дена. Според дизајнерот, кабината ,,БЕГСТВО’’ е рачно изработена по највисоките градежни стандарди, а е вистинското решение за сите оние кои сонуваат за живот без хипотека и куќa која не бара речиси никакво одржување. Прекрасно, зар не?