Кога станува збор за модата, се чини дека секој наслов и секоја фотографија се важни – почнувајќи од малите девојчиња па се’ до дамите кои се трудат да го негуваат својот стил и да бидат во тек со последните модни случувања. Но, истовремено модата со себе влече една сенка која е се’ освен пријатна глетка. Создавањето зависност од убавите, но слаби тела кои ги промовираат модните парчиња што повлекува низа нарушувања во исхраната. Иако оваа кампања ја виде светлоста на денот во април 2013 година, нејзиното значење никогаш нема да изгуби на вредност поради силната порака која на прв поглед ќе Ве исплаши и згрози, но паралелно на тоа ќе Ве увери дека со Вас се’ е во ред.
Шест од овие жени се лажни. Три од нив се тажни.
Тоа е силниот опис на оваа кампања со потпис на „Star Models“, модна агенција од Бразил која им порачува на девојките и жените ширум светот дека тие не се цртеж, дека нивните тела се поеднакво убави како што се и самите нивни личности. Скицираниот модел со претерано слаби пропорции и долги линии кои се карактеристични за модната илустрација се прикажани во реален, вистински модел. Погледнете одблиску. Повеќе од често, една моќна фотографија може да постигне безвременска поента.