Telmo Pieper е холандски уметник кој со помош на Photoshop дигитално ги „оживува“ детските цртежи во реална фотографија. „The Kiddie Arts“ е серија обработени фотографии во која можете да ги видите најчудните животни, животни гледани низ призмата на децата во комбинација со нивните цртачки (не)способности. Ќе забележите кит во облик на чевел, полжав со мала куќичка, мува што личи на вонземјанин… но мора да признаете и Вашите цртежи наликувале на овие.