Arial, Times New Roman, Garamond…кои се Вашите најчесто користени фонтови? Односно, кој фонт е општо-прифатен во типуваната комуникација и дали Вие умеете да разликувате совршено напишан текст, т.е квалитетен превод или обичен статус на социјалните мрежи? Claudio Scotto е италијански уметник кој се занимава со оваа тематика и истата ја материјализира во специфичен дизајн, преку колекција мебел чие вметнување на фонтовите во домашниот амбиент носи наслов „Decor Type”.
Букви пренесени во секојдневието и трансформирани во функционален мебел – линијата производи на овој дизајнер на овој начин им овозможува на сите вљубеници во зборовите да се опкружат со букви и зборови во своите домови, да ја облагородат својата библиотека и да внесат специфичен стил во уредувањето на своите домови.