Минијатурна форма на книга која ги сумира најголемите настани во историјата на човештвото – илустраторот и дизајнер Evan Lorenzen дава восхитувачки опуштена перцепција врз историјата на светот, која помага човек да се присети на најважните настани кои и` се случиле на планетата Земја. „Мини книга на важни настани“ е насловот на оваа книга која започнува со појавата на живот, а завршува со љубопитен увид во иднината. Интересното во неа е прашањето дали илјадници години подоцна, Земјата ќе биде населена со луѓе или со други форми на живот што понатаму ќе биде драматичен приказ на тешката историја. Неколку мали пресвртници и фрагменти Ве очекуваат на фотографиите во прилог.