Margarita Kareva – извонредна, креативна, оригинална жена од Русија за која можеби вселената има крај, но не и нејзиниот ум. Таа е извонреден фотограф. Создава прекрасни фотографии кои ги оживуваат бајките во Вашите очи. Девојки трансформирани во принцези или вештерки, надреални елементи, вистински реквизити и малку Photoshop манипулација резултира со вакви фотографии.
За само три години фотографирање, Margarita може да се пофали со богато портфолио полно со живописни, магични и креативни фотографии. Веќе имавте можност да видите една фотографија од нејзиниот „шарен свет како од бајка“.
Нејзината животна приказна е доказ дека никогаш не е доцна да се работи тоа што се сака, но како што вели таа „потребно е само да се учи секој ден, во текот на целиот живот“.