Helene Meldahl е 26-годишна креативна девојка која се појавува на Instagram со прекрасни креативни селфи фотографии во огледало. Младата Норвежанка за околу 20-30 минути со маркери или акрилни бои создава нови светови за себе на нејзиното огледало и прави прекрасна фотографија. За повеќе фотографии можете да ѕирнете на Instagram, @mirrorsme.
„Најтешко е да создадам одредена слика во мојата глава, потоа лесно ја вадам од таму и ја отсликувам на огледалото. Ова го права затоа што ме исполнува и навистина се забавувам фотографирајќи се вака.“