Сконцентриран на високите ридови и планински врвови, Max Rive го гледа светот од друг агол, од друга височина. Благодарение на фотографиите кои ги создава тој ни овозможува без да бидеме таму да ги видиме најубавите глетки од планините; прекрасни пејсажи кои ни овозможуваат да го доживееме светот од една сосема друга преспектива. Планинарите знаат за што зборуваме, а останатите може да дознаат дел преку фотографиите и можеби наместо море да посетат некојa планина. Потребно е само желба да се избега од топлото и да се има авантуристички дух. Подготвени?