Компанијата Il Filo dei Sogni ја претстави DreamLux – специјалната ткаенина што сјае со вистинска светлина. Станува збор за инвентивна, префинета, естетски и визуелно впечатлива ткаенина, изработена од материјал кој е способен да емитува светлина на целата своја површина. DreamLux е софистицирана технологија, а истовремено едноставна како и идејата од која настанала. Класичните влакна се зашиени со оптички влакна, групирани надвор од ткаенината и вметнати во LED осветлувањето, кое дистрибуира влезна светлина по целата порвршина, создавајќи сугестивни и шарени светлосни игри. Совршената комбинација на едноставност и елеганција е главното обележје на колекцијата која опфаќа мноштво производи, од јастучници и креветни чаршафи, па се’ до прекривки за масата, достапни во широк спектар на бои и текстили, а со бескрајни комбинации и варијации на игри со светлината на боите. Благодарение на LED енергијата, ткаенината мистично сјае во мракот – налик на парче ѕвездено небо или океан, создавајќи магична атмосфера на која нема да остане рамнодушен ниту еден гостин во домот. DreamLux е инертна и потполно безопасна ткаенина, а и покрај светлината која од неа извира, не се вжештува и создава многу низок напон. Достапна е во неколку различни бои, како ледено бела, црвена, златно жолта, зелена и океанско сина, секоја со предиспозиција убаво да се вклопи и создаде прекрасен контраст во амбиентот на домот. Вистински празник за очи!