Внимание: ова не е модна објава, ниту е преземено од некој популарен моден блог. Исто така, инспирацијата не е позајмена од конкретно Playboy издание. Станува збор за иницијатива на Citizens of the World која што резултира со фотосесијата „Literally Fiction“ во која главна улога имаат девојки со разнишана самодоверба. Истите се фотографирани со книги за само-помош во рацете, преку објективот на Dominic Loneragan.
Поврзаноста на долната облека со провокативни пози и овој тип на книги овој пат се однесува кон понуда на еден начин кој нема да резултира со несакани девијации во однесувањето, себе-изолација или депресивност. Со истата се цели женскиот свет да ја пронајде својата вредност и значењето што го имаат на овој свет преку повик за себе-будење кој нема да асоцира само на спалната соба или повторно обесправување. Напротив – се гради една нова перцепција колку мотивационите книги може да влијаат врз начинот на кој Вие се гледате во огледало, во друштво, како и на професионален и интимен план.