Малечкиот град во северен Мароко, Chefchaouen, може да се пофали со својата богата историја, со природните хоризонти и архитектура која го одзема здивот. Но сепак. најкарактеристична и највпечатлива особина на овој град се неговите живописно сини ѕидови.
Уникатноста на Chefchaouen потекнува од 1930, кога сината боја била предложена од страна на Евреите, кои сметале дека го симболизира небото. Според други тврдења, градот бил обоен во сино за да се заштити од комарците, кои не ја поднесуваат чистата и брануваната вода.
Која и да е причината за обојувањето, овој мал град ги предизвикува туристите да ги истражат неговите лавиринти, да уживаат во небесно-сината боја и секако, да направат неколку креативни фотографии.