Гигантните застрашувачки монструми заземаат огромен заслужен дел од американската историја. Matthew Malkiewicz патуваше низ својата Америка и ги фотографираше старите познати машини доволувајќи ја мистеријата која е зададена од густите парни облаци.
Карактеристично за неговиот серијал „Lost Tracks of Time” се застапените годишни времиња, што покажува дека е изработен за долго време, со љубов и трпение. Како инженер разбирлива е неговата љубов кон возовите, додека за неговите фотографски вештини стои единствено неговата посветеност и труд, што го прават Метју исклучителен самоук фотограф.
Инспирацијата за еден ваков серијал била застапена уште од неговото најрано детство. Како мал, обожавал да гледа како се приближуваат возовите и да ги фотографира.