Релативно ново име пред сè на британската, а и на светската сцена, Jessie Ware воодушевува со гласовните способности и комбинацијата на музика, текст и аранжман. Иако активно е присутна на сцената од 2009, светот ја дозна со хитовите “Wildest Moments”, “Running”, “Night Light” и “If You’re Never Gonna Move” од албумот “Devotion”. Неодамна одржа концерт во Загреб, а деновиве, на радост на нејзините фанови, го објави новиот сингл “Tough Love”, како најава за новиот албум. Во време кога неквалитетот сè повеќе испливува на површина, убаво е да се слушне вака квалитетен и инспиративен женски изведувач. Уживајте во нашата музичка препорака.